• вторник, 14 мај 2024

Шкендија со минимална предност ќе оди на реваншот во Велс

Шкендија со минимална предност ќе оди на реваншот во Велс

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Шкендија вечерва во Скопје го победи Хаверфордвест од Велс со 1:0 во првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

 

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на Национална арена „Тодор Проески“ беше Аденис Шаља во 47. минута.

 

Од македонските претставници во оваа натпреварување, во текот на денешниот ден Шкупи забележаа убедлива победа со 5:0 на гостувањето во Каунас против Хегелман, додека Македонија ЃП во Скопје загуби од РФС Рига (Летонија) со 0:1.

 

Реваншите се по седум дена. зс/

 

Фото: ФК Шкендија

Остани поврзан