Шкендија ги дозна шесте ривали во Конференциската лига
- Во Монако попладнево се одржа жрепката за лигашката фаза за третото по ранг европско клупско натпреварување на УЕФА, Лигата на Конференции, во која ќе настапи и македонскиот фудбалски клуб Шкендија.
Монако, 29 август 2025 (МИА) – Во Монако попладнево се одржа жрепката за лигашката фаза за третото по ранг европско клупско натпреварување на УЕФА, Лигата на Конференции, во која ќе настапи и македонскиот фудбалски клуб Шкендија.
Во својот дебитантски настап во завршницата на европските купови Шкендија ќе одигра шест натпревари, по три на домашен и на гостински терен.
Жрепката за противници на Шкендија ѝ ги донесе Слован Братислава, Јагелонија и Шелбурн, со кои ќе игра на домашен терен и Рајо Ваљекано, Дрита и АЕК Ларнака со кои ќе игра на гостински терен.
Лигашката фаза ќе стартува на 2 октомври со вкупно шест кола кои ќе финишираат на 16 декември.
Финалето е закажано за 27 мај идната година на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг. ег
ФОТО: ЕПА