Шифрин го израмни рекордот на Стенмарк според победи во Светскиот куп
- Со денешниот триумф во трката во велеслалом во Оре, американската скијачка Микела Шифрин дојде до својата 86. победа во Светскиот куп во алпско скијање и со тоа се израмни на врвот на вечната листа со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк

Оре, 10 март 2023 (МИА) – Со денешниот триумф во трката во велеслалом во Оре, американската скијачка Микела Шифрин дојде до својата 86. победа во Светскиот куп во алпско скијање и со тоа се израмни на врвот на вечната листа со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк
Победата во претпоследната велеслаломска трка во оваа сезона на Шифрин ѝ го донесе и малиот глобус во оваа дисциплина, а вкупно 15. во кариерата.
Американката беше за 64 стотинки побрза од Федерика Брињоне од Италија, додека третото место на денешниот велеслалом го освои Швеѓанката Сара Хектор (+0.92).
Шифрин ќе има шанса да стане апсолутен рекордер според бројот на победи во Светскиот куп веќе утре за кога во шведскиот зимски центар Оре е закажан женскиот слалом. ег /сд/