Шира: Рома се договори со Гасперини
- Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, наскоро ќе застане на чело на Рома, соопшти новинарот Николо Шира.
Рим, 2 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, наскоро ќе застане на чело на Рома, соопшти новинарот Николо Шира.
Шеесет и седумгодишниот Италијанец ќе потпише договор со римјаните до 2028 година. Неговата плата ќе биде пет милиони евра плус два милиони евра бонуси.
Гасперини е на чело на Аталанта од 2016. Во сезоната 2023/24 Италијанецот го предводеше тимот до трофејот во Лига Европа. Со него клубот од Бергамо четири пати стигна до третата позиција во италијанското фудбалско првенство.
Во сезоната 2024/25, Аталанта освои 74 бода и го зазеде третото место во Серија А. зс/
Фото. ЕПА