• недела, 22 декември 2024

Шилегов обвини дека СДСМ е заробена партија од тезгароши, од партијата велат дека лидерот е избран на легитимни внатрепартиски избори

Шилегов обвини дека СДСМ е заробена партија од тезгароши, од партијата велат дека лидерот е избран на легитимни внатрепартиски избори

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани „лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет!!! Пролет е СДСМ!!!!, напиша денеска на Фејсбук Петре Шилегов, член на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје. 

Подоцна тој објави уште еден пост како појаснување на првиот:

- 1.000 зошто, едно затоа:
За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник … Ете затоа, наведува Шилегов.  

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

- СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади, и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог, рече Кузеска. ев/бак/

Фото: МИА Архива/Фејсбук/СДСМ

Остани поврзан