• понеделник, 16 декември 2024

Шеф на Сити: Останувањето на Пеп е приоритет

Шеф на Сити: Останувањето на Пеп е приоритет
Манчестер, 10 октомври 2020 (МИА) - Главниот оперативен директор на Манчестер Сити, Омар Берада, објави дека останувањето на менаџерот Пеп Гвардиола е приоритет на клубот. - Фактот дека Пеп е на кормилото на Сити повеќе од кој било друг, покажува колку далеку стигна клубот во својот развој. Тоа значи дека тој сака да биде тука и дека му е пријатно. Гвардиола е број 1 во светот и ние сакаме тој да остане во Манчестер Сити. Ќе разговараме за неговиот нов договор во вистинско време. Се надеваме дека ќе остане, тоа е приоритет за Манчестер Сити, изјави Берада. Тој зборуваше и за можноста Манчестер Сити да ја привлече мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси. За таквата можност се дискутираше на лето, кога Аргентинецот изрази желба да го напушти „Камп Ноу“. - Не е јасно дали некогаш повторно ќе имаме можност да потпишеме со Меси, но ако Лео ја напушти Барселона, ќе истражиме таква опција. Меси и играч кој може веднаш да го смени изгледот на кој било клуб. Самиот факт дека бевме поврзани тоа покажува колку пораснавме како клуб, додаде Берада за „Атлетик“.

Остани поврзан