• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА

Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА

Москва, 12 март 2025 (МИА) - Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин телефонски разговарал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, соопшти прес-службата на руската разузнавачка служба.

„На 11 март 2025 година беше остварен телефонски разговор помеѓу директорот на СВР на Русија, Сергеј Наришкин и шефот на американската ЦИА, Џон Ретклиф. Во разговорот беа разгледани прашања за интеракција меѓу двете специјални служби во однос на заедничките интереси и управувањето со кризни ситуации“, се вели во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан