• петок, 20 декември 2024

Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје

Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје
Париз, 26 август 2022 (МИА) – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ја изрази својата загриженост за можна несреќа во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина. - Електраната работи, но со потешкотии, така што во сегашните услови не може да се исклучи сценарио на несреќа. Недостигот на струја, проблемите со горивото ме загрижуваат, изјави Гроси во интервју за француски „Монд“. Тој рече дека секој инцидент ќе има негативно влијание врз ситуацијата. На прашањето за ризиците од несреќа во нуклеарната централа Запорожје, Гроси рече дека сегашната ситуација не може да се смета за нормална. Тој, исто така, повтори дека би сакал експертите на МААЕ да останат во нуклеарната централа на постојана основа по завршувањето на претстојната мисија. - Работам на договор за тоа. Целта на мисијата е да се спречи нуклеарна несреќа, рече Гроси. Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа во градот Енергодар во јужна Украина, а моментално е под контрола на руските сили. јт/

Остани поврзан