• петок, 05 декември 2025

Шефовите на француската и грчката дипломатија ги потврдија одличните односи меѓу двете земји

Шефовите на француската и грчката дипломатија ги потврдија одличните односи меѓу двете земји

Атина, 28 јуни 2025 (МИА) – Министрите го истакнаа одличното ниво на билатерални односи, како и многу високото ниво на доверба и тесната економска соработка меѓу двете земји. Разменија мислења за спроведувањето на стратешкото партнерство и соработката во областа на цивилната заштита, бидејќи Грција продолжува да се соочува со сериозни шумски пожари, пишува во заедничкото соопштение по вчерашната средба во Париз на министрите за надворешни работи на Франција и Грција Јоргос Герапетритис и Жан-Ноел Баро, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите ја повториле и важноста од зајакнување на соработката на европско ниво, особено во областите на миграцијата и одбраната, а разговарале и за меѓународните случувања.

Ја повториле важноста на поддршката на Украина, го поздравиле спроведувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, се осврнале и на процесот на политичка транзиција во Сирија, а разговарале и за неодамнешните случувања во Газа и Либија. ср/сд/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан