• вторник, 12 ноември 2024

Шест членки на досегашната коалиција „Србија против насилството“ одат на избори под слоганот „Ја избирам борбата“

Шест членки на досегашната коалиција „Србија против насилството“ одат на избори под слоганот „Ја избирам борбата“

Белград, 22 април 2024 (МИА)- Шесте организации кои ја сочинуваа коалицијата „Србија против насилството“ на прес-конференција во собранието најавија дека заедно ќе учествуваат на претстојните избори во Белград и на локалните избори под слоганот „Ја избирам борбата“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Свесни за сета узурпација на режимот, барајќи изговори и купувајќи време кога се во прашање фер избори, решивме да не предадеме без борба ниту еден град или општина во Србија. Ревизија на избирачкиот список, медиумскотот информирање пред се на РТС и РТВ и трето сите избори да бидат споени на 2 јуни. Денеска е седницата на која ќе го донесеме законот што ние го инициравме, сите избори да се одржат на 2 јуни. Успеавме да стигнеме до тоа, изјави Алексиќ во обраќањето до медиумите во српскиот Парламент.

Тој најави дека ќе постигнат договор за кандидатите и носителите на листите и сите други детали.

-Инсистираме на исполнување на сите барања - и формирање комисија за ревизија на избирачкиот список и одговорно функционирање на РТС, со цел луѓето кои го смениле местото на живеење во претходните 12 месеци да не можат да гласаат во своето ново место на живеење, како и сите препораки на ОДИХР. Но, ако чекаме СНС да ни даде фер и чесни избори, тоа никогаш нема да се случи. Ќе треба да победиме во нерамноправна борба, а првиот предуслов е да не се откажеме од таа борба, изјави Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт.

Тој посочи и дека одлуката да се оди на избори во рамките на коалицијата „Србија против насилство“ ја донело мнозинството и дека работите секогаш ги правеле договорено, посочувајќи дека особено ја почитуваат одлуката на Демократската партија (ДС) која на средбата на коалицијата „Србија против насилството“ прво гласаше против излегувањето на избори, а потоа ја промени својата одлука, застанувајќи на страната на мнозинството.

Партиите собрани во коалицијата „Србија против насилството“ се состанаа во петокот вечерта за да одлучат дали ќе учествуваат на изборите во Белград на 2 јуни. Предлогот за излегување на изборите беше ставен на гласање и беше поддржан од пет партии - Народно движење на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошко востание, Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Новиот лик на Србија, додека Партијата за слобода и правда (ССП), Демократската партија (ДС), Србија центар и Заедно беа против.

ССП, СРЦЕ и Задено не сакаат да учествуваат ниту на изборите за градските општини.

Денеска се одржува седница на парламентот, која ја закажа претседателката Ана Брнабиќ, на која треба да се гласа за Предлогот за измена на Законот за локални избори за да сите избори се одржат на 2 јуни. об/сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан