• вторник, 19 ноември 2024

Шел: На Европа ќе и биде тешко да го замени рускиот гас

Шел: На Европа ќе и биде тешко да го замени рускиот гас

Лондон, 30 јуни 2022 (МИА) - Светот е на прагот на турбулентен период поради сè потешкото снабдување со течен гас, предупреди директорот на британско-холандската компанија „Шел“, Бен ван Берден, оценувајќи дека Европа тешко ќе го замени рускиот гас, се наведува во извештајот на агенцијата Блумберг.

„Светот се соочува со недостиг на природен гас поради пречки во испораката од Русија во САД и силната побарувачка, поттикната од закрепнувањето на економијата од пандемската криза“, пишува Блумберг.

Остани поврзан