• недела, 22 декември 2024

Шекеринска: Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки

Шекеринска: Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки
Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска која учествуваше на панел дискусија на форумот ГЛОБСЕК во Братислава, заедно со министрите за одбрана на Словачка, Јарослав Над и на Канада, Харџит Саџан. Според министерката, блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум, што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа. - Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања, рече Шекеринска. Зборувајќи за НАТО Агендата 2030, министерката рече дека членството на нашата држава во НАТО е резултат на храбри одлуки, а по потпишувањето на Преспанскиот договор, двете влади покажале политичка волја да решат спор кој предолго траеше. -Треба да се предизвикуваме како политичари да бидеме храбри, да ја предизвикуваме статус кво ситуацијата. Пред три години го потпишавме Преспанскиот договор и никој не очекуваше да успее. Успеа. Денеска сме членка на НАТО. Двете Влади покажаа политичка волја да решат спор кој предолго траеше, рече Шекеринска. Како што подвлече Шекеринска, НАТО го одржа својот збор кога станува збор за приклучувањето. -Задоволна сум што го одржавме зборот за политиката на отворени врати и на овој Самит, тоа е многу важно, но верувам дека на фронтот на ЕУ, како што рече претседателот на Комисијата, треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен. Мислам дека е време да се оди напре,” рече министерката. бт/сп/

Остани поврзан