• четврток, 14 ноември 2024

Шекеринска и Галовеј потпишаа меморандум за разбирање во областа на одбраната

Шекеринска и Галовеј потпишаа меморандум за разбирање во областа на одбраната
Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска потпишаа меморандум за разбирање во областа на одбраната, кој овозможува креирање ќелија за координација на обуката од Обединетото Кралство, стационирана на армискиот полигон „Криволак“. Шекеринска појасни дека тимот е од Обединетото Кралство, но е посветен на обуките потребни на Северна Македонија, на регионот и на нашата билатерална соработка на „Криволак“. Ќелијата ќе биде составена од тројца британски офицери, чија цел ќе биде координација на можностите за обука и вежби.  Таа изрази надеж дека тоа ќе овозможи ефикасност во изведувањето на обуките и на вежбите од страна на Обединетото Кралство, од страна на заедничките сојузници, особено земјите во регионот и на нашата обука на „Криволак“ на подолг рок. - Овој тим британски офицери ќе предлага обуки и вежби и за нашата НАТО декларирана единица лоцирана во Штип, а ќе служи и како катализатор за развој на нови програми за обука со армиите во регионот. Целта е, ќе помогнеме на нашите одбранбени способности, ќе ја зголемиме соработката во регионот во одбраната, но ќе ги зајакниме и нашите билатерални одбранбени врски, истакна Шекеринска. Таа потенцира дека е долга листата на соработка на билатерлано ниво, дури и ако се анализра само одбраната, а тоа е резултат, оцени, првенствено на заедничката визија во С Македонија и во Обединетото Кралство, дека меѓусебната  поддршка и соработка е основа за безбеден континент и за безбедна Алијанса. Шекеринска изразувајќи задовослтво, потсети дека Договорот за одбранбена соработка со Велика Британија е потпишан почетокот на 2020 година, и постоојано се збогатува одбранебара соработка со сојузник, челнак на НАТО и наш пријател, со кој имаме долго и содржински богато портфолио на соработка – Обединетото Кралство. Според неа, НАТО мотото „Заедно сме посилни“ уште еднаш с епокажува дека не е само фраза, туку реланост за членките на НАТО, аконцептот заедно сме посилни го применвуаме не само во делот на колективната одбрана, туу и во однос на развој на одбранбените сили. - Во развојот на одбранбените сили ние можеме да се потпреме на исксутвото на нашите сојузници, а тие  можат да се потпрат на дел од нашите капацитети кои сакаме да ги развиваме како НАТО капацитети, изјави Шекеринска. Додаде дека во соработката и односите на С Македонија и Обединетото Кралство не гледа граници, туку шанси за зајакнување на таа соработка и споделување на истите вредности и цели. Меѓу другото, Шекеринска изрази надеж дека со Протугалија набрзо ќе биде склучен првиот договор за одбранбена соработка. Според британската амбасадорка Рејчел Галовеј, ќелијата ќе има клучна улога во гарантирањето дека Криволак ги исполнува потребите и условите на НАТО. Изрази надеж дека во следните 10 години Криволак ќе израсен во еден од водечките полигони за обука на НАТО за лесни и воздушно десантни сили, не само во квалитетот на обезбедените капацитети, туку и за иновациите во развојот и зачувување на приридното живеалиште. -  Обединетото Кралство со воодушевување го поздрави приемот на С Македонија во НАТО пред повеќе од една година и со огромна чест ја продолжи тесната соработка со  македонското МО. Безбедноста на С Македонија во рамки на Алијасната е и наша безбедност. Оваа најнова иницијатива помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија ги зближува нашите воени перспективи и го гарантира континуираното зајакнато билатерално партнерство помеѓу Обединетото Кралство и С Македонија во иднина, изјави амбасадорката Галовеј. фф/цр/    

Остани поврзан