• недела, 22 декември 2024

Шекеринска: Изборите за претседател на СДСМ се чекор кон уште поголема демократизација на партијата

Шекеринска: Изборите за претседател на СДСМ се чекор кон уште поголема демократизација на партијата
Скопје, 5 февруари 2021 Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ посочи дека внатрепартиските непосредни избори за претседател на СДСМ е сериозен чекор кон уште поголема демократизација на партијата и пример што треба да го следат и другите партии. „Ова е сосема нов концепт, чекор кон демократизација на партиите, ако го демократизирате врвот на партиите многу полесно е демократискиот процес во државата да функционира. Ние прво направивме чекор за родова еднаквост на листите и потоа мораа да не следат и другите партии. Ова право ние ќе му го дадеме на секој член да избира, а од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволува ниту свикување конгрес и затоа нашата опција ќе победи, и сега и во иднина. Претседателот ќе се избере на непосредни избори, а другите функции ќе се бираат на конгрес. Уверена сум дека после 10 години партиите ќе ги избираат функционерите во партијата, порача Шекеринска. Заменик претседателката Шекеринска изрази уверување дека ќе има повеќе кандидати за претседател на СДСМ, со што процесот ќе добие на дополнителен квалитет. „Се надевам дека ќе има противкандидати со што процесот ќе биде поквалитетен. Ако е само еден кандидат, тоа ќе ја намали важноста на процесот. Подобро е да имаме противкандидати, иако може нема да бидат фаворити, затоа што актуелниот претседател победи на локални избори, на парламентарни, на претседателски избори“ заклучи Шекеринска. Центар за комуникации со јавноста _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан