• петок, 17 мај 2024

Швјонтек: Ми требаат уште неколку години за да научам како да играм подобро на трева

Швјонтек: Ми требаат уште неколку години за да научам како да играм подобро на трева

Вашингтон, 26 септември 2023 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек проговори дали во иднина ќе може да освои барем еден турнир на трева.

 

- Ми требаат уште неколку години за да станам подобра во играњето на трева. Имам 22 години, па имам уште многу време, веројатно повеќе од 10 години. Давам максимум за да го освојам секој турнир на кој влегувам. Не ги брзам работите. Горда сум и задоволна што оваа година успеав да играм на два турнира и да стигнам до полуфиналето во Бад Хомбург и четвртфиналето на Вимблдон. Ова е голем чекор, изјави Швјонтек за „Tennis World USA“.

 

Дваесет и двегодишната Швјонтек има четири Грен слем победи и 15 ВТА титули, но ниту една од нив на трева. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан