• недела, 22 декември 2024

Шведските власти повикаа да се работи од дома до 2021 година

Шведските власти повикаа да се работи од дома до 2021 година

Стокхолм, 30 јули 2020 (МИА) - Шведските власти повикаа денеска да се работи од дома барем до Нова година, со оглед на тоа дека во државата се регистрирани повеќе од 80.000 лица заразени со новиот коронавирус.

Мерката има за цел да го намали бројот на луѓе на јавниот превоз, бидејќи властите забележаа зголемен број контакти меѓу луѓе, што претставува голем ризик од натамошно ширење на коронавирусот во текот на есента.

Од почетокот на епидемијата се регистрирани над 80.100 заразени луѓе во Шведска, од кои 318 во последните 24 часа. Во таа земја починале 5.739 луѓе од Ковид-19.

За разлика од другите европски земји, Шведска не наметна карантин на своето население, што предизвика дискусии за ефективноста на стратегијата на Владата во борбата против коронавирусот.

Властите веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни за долги периоди. Маските во Шведска ги носат само медицинскиот персонал, додека кафулињата, баровите и рестораните се отворени. паг/

Остани поврзан