• недела, 22 декември 2024

Швајцарската нуклеарна централа „Бецнау“ делумно исклучена од мрежата поради дефект

Швајцарската нуклеарна централа „Бецнау“ делумно исклучена од мрежата поради дефект

Берн, 12 август 2024 (МИА) - Дефект во најстарата нуклеарна централа во светот - швајцарската АЕЦ „Бецнау“ - предизвика автоматско исклучување од мрежата, пренесе ДПА.

Проблемот се појавил во парогенератор во не-нуклеарниот дел од централата, која е лоцирана на околу 30 километри североисточно од Цирих, соопшти енергетската компанија „Акспо“, која е оператор на објектот.

Поради дефектот, над централата понекогаш може да се забележи водена пареа, но „Акспо“ нагласи дека нема опасност за луѓето или за животната средина.

Засегнатиот Прв блок автоматски бил исклучен од мрежата.

Нуклеарната централа „Бецнау“, која е лоцирана помалку од 7 километри од германската граница, е пуштена во работа во 1969 година. Таа беше повторно приклучена на мрежата во јуни оваа година по неколкунеделна инспекција. Швајцарските регулаторни власти се информирани за случајот, додаде „Акспо“. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан