Швајцарката Сутер победи на спустот во Солде
- Швајцарската скијачка Корин Сутер победи на денешната трка од Светскиот куп во спуст што се одржа во Солде.
Солде, 27 февруари 2026 (МИА) – Швајцарската скијачка Корин Сутер победи на денешната трка од Светскиот куп во спуст што се одржа во Солде.
Сутер дојде до победата со време од 1:31,62 минути, што беше за 11 стотинки побрзо од возењето на второпласираната Нина Ортлиб од Австрија.
Третото место го освои Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 24 стотинки.
Водечка во генералниот пласман и натаму е Американката Микаела Шифрин со 1.133 бодови, додека во поредокот во спуст води нејзината сонародничка Линдзи Вон со 400 бодови.
Утре во Солде на програмата е трката во супервелеслалом. ег
ФОТО: Фејсбук