• сабота, 20 јули 2024

Шаќири присуствуваше на промоција на дипломираните студенти на Меѓународниот балкански универзитет

Шаќири присуствуваше на промоција на дипломираните студенти на Меѓународниот балкански универзитет
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Oсновната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадри во квалификувани и компетентни стручњаци подготвени да конкурираат на националниот и меѓународниот пазар на труд. Верувам дека знаењето кое наставниот кадар го пренел на студентите, ќе им биде од голема корист, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Меѓународниот балкански универзитет. Како што соопштија од Министерството за образование и наука, Шаќири посочил дека со самиот избор за продолжување на образованието на универзитетот, студентите ја направивте најголемата инвестиција во нивниот живот. - Да се инвестира во знаење и образование е најсигурна одлука, како на личен, така и на општествен план. Вие сте личности кои се стекнале со вештини и компетенции, кои се подготвени стручно и професионално да се справуваат со предизвиците на новото време, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, со што ќе придонесат, како за сопствената, така и за општата благосостојба на заедницата во која живеат, посочил Шаќири. Меѓународниот балкански универзитет, потенцираше Шаќири, е еден од ретките во земјава, кои доделуваат стипендии за своите студенти. ар/бак/

Остани поврзан