• сабота, 22 февруари 2025

Шаќири: Поттикнуваме инвестиции во ИТ секторот

Шаќири: Поттикнуваме инвестиции во ИТ секторот
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога во економијата како снабдувач на работни места и создавач на извоз, истакнува министерот за информатичко општество и администрација. Од Министерството информираат дека персоналниот данок на доход во ИТ секторот ќе се намали на 0 отсто во 2023 година и оти ова е еден од приоритетите на владината програма. - Целта на Министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Република Северна Македонија е да создадат капацитети и да стимулираат нови инвестиции во ИТ секторот. Еден од овие елементи е намалувањето на персоналниот данок на доход за ИТ индустријата. Ова се претвора во поголеми приходи за вработените во овој сектор, потенцира Шаќири.фф/скс/

Остани поврзан