• понеделник, 23 декември 2024

Шаќири до дипломците на Универзитетот „Мајка Тереза“: Искористете го образованието за позитивни промени во општеството

Шаќири до дипломците на Универзитетот „Мајка Тереза“: Искористете го образованието за позитивни промени во општеството

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на свечената церемонија на дипломираните студенти на петтата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој нагласи дека дипломирањето е важен чин за студентот, посочувајќи дека тоа значајно парче хартија ги крунисува годините напорна работа, посветеност и упорност.

-Крајот на студирањето е само почеток на едно ново поглавје во вашите животи, поглавје со поголеми одговорности кои од вас ги очекуваат и вашите семејства и целото наше општество. Уверен сум дека со вештините, знаењата и искуствата што ги стекнавте на Универзитетот „Мајка Тереза“ многу брзо ќе се вклучите на пазарот на труд и ќе го искористите образованието за позитивни промени во средините каде ќе делувате, нагласи Шаќири.

Министерот рече дека е значајно и по завршувањето на студиите, младите луѓе да продолжат да се усовршуваат и да стекнуваат нови знаења, затоа што повисоко ниво на политички развој, демократија и социјална правда се достижни само со образувани граѓани кои континуирано се надоградуваат, критички размислуваат и ја користат креативната моќ. фф/бак/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан