• сабота, 23 ноември 2024

Шаќири: Ако имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни ја прифаќам таа препорака

Шаќири: Ако имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни ја прифаќам таа препорака

Тетово, 25 март 2022 (МИА) - Министерот за образование Јетон Шаќири порача дека ја прифаќа препораката на Комисијата за заразни болести за учениците во основно образование да не носат маски, но конечната одлука очекува да ја донесе целиот владин состав на наредната редовна седница во вторник.

- Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири на новинарско прашање по денешната посета на тетовска компанија каде се дискутираше за дуалните паралелки.

На новинарско прашање дали ќе преземе мерки за Општина Тетово поради конфликт со директорка на гимназија околу наводно разрешување, министерот порача да не се влијае врз образовниот процес во училиштата.

- Јас како министер ги почитувам сите хиерархиски, што се однесува до функционирање на една образовна институција, а што се што се однесува до конкретниот случај, не само за Тетово, ако има разрешување на директор што ќе се утврди од просветниот инспекторат, ако општината не постапува законски доаѓа до Министерството и јас за да го почитувам законот ќе постапам во тие општини во одредени училишта каде што наидуваме на проблем при разрешување на директорот, изјави Шаќири,

По претходна година кога почна новиот концепт за основно образование во прво и четврто одделение сега се продолжува со второ и петто, а министерот рече дека педагошката служба ги подготвува сите потребни документи за да имаат повик за автори за конкретните учебници, како и учебните програми.ас/фф/

Остани поврзан