• понеделник, 23 декември 2024

Шаховската федерација донираше опрема за училишта во Скопје и Куманово

Шаховската федерација донираше опрема за училишта во Скопје и Куманово

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) – Шаховски гарнитури донираше Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на повеќе основни училишта на територијата на Скопје и Куманово, кои започнаа со часовите по шах во учебната 2022/23 година.

- Убаво беше да се видат нестрпливите дечиња, кои едвај дочекаа да ги отвориме гарнитурите за да можат да покажат што научиле во изминатата година. Се надеваме дека шаховските гарнитури ќе бидат уште поголем поттик за наставничките и децата од основните училишта „Киро Глигоров“, „Мирче Ацев“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Наим Фрашери“ и „Браќа Миладиновци“ да продолжат со работата“, соопшти денеска ШФМ.

Во рамки на своите интензивни активности, ШФМ од утре до 29 септември, во Хотелот „Изгрев“ во Струга ќе биде домаќин на Светското екипно првенство во шах за сениори. Се очекува да учествуваат повеќе од 400 шахисти од целиот свет.

Светското екипно првенство во шах е прв настан од светски рамки во Македонија по пауза од половина век и Шаховската олимпијада која во 1972 година се одржа во Скопје. ег/цр

Фото: ШФМ

Остани поврзан