• петок, 05 декември 2025

Шариф: Пакистан има право на силен одговор, Индија започна војна

Шариф: Пакистан има право на силен одговор, Индија започна војна

Исламабад, 7 мај 2025 (МИА) - Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека неговата земја има „целосно право“ на „силен одговор“ по индиските воздушни напади во текот на ноќта, кои ги опиша како „чин на војна наметнат од Индија“.

-Остро реагираме на овој воен чин, рече Шариф, без да прецизира за природата на тој одговор.

Премиерот рече дека целата нација стои со пакистанските вооружени сили и дека моралот и борбениот дух на народот се високи.

-Пакистанската нација и пакистанските вооружени сили знаат многу добро како да се справат со непријателот, додаде Шариф.

„Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во своите зли намери“, додаде тој/сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан