Шалтерите за даноци на Град Скопје во петок ќе работат до 16:30 часот
- Град Скопје информира дека заради техничка поддршка и подобрување на системот за даноци на имот, на 12.02.2021 година (петок) шалтерите во бараката број 16 нема да работат во периодот од 16:3
Скопје, 11 февруари 2021 (МИА) - Град Скопје информира дека заради техничка поддршка и подобрување на системот за даноци на имот, на 12.02.2021 година (петок) шалтерите во бараката број 16 нема да работат во периодот од 16:30 до 19:30 часот.
Од Град Скопје најавуваат дека редовното работење на шалтерите за данок на имот ќе продолжи од понеделник, 15.02.2021 година. аа/лв/