Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот
- Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.
Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.
Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. бак/
Фото: МИА