• понеделник, 23 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чолаку: На парламентарните избори Романците денеска избираат меѓу стабилност и хаос

Чолаку: На парламентарните избори Романците денеска избираат меѓу стабилност и хаос

Букурешт, 1 декември 2024 (МИА) - Романскиот премиер Марсел Чолаку, по денешното изјаснување на парламентарните избори, изјави дека Романците денеска избираат „меѓу стабилност и хаос“, меѓу развојот и недостатокот на средства за исплата на пензиите и платите.

 Чолаку рече дека гласал Романија да продолжи да биде дел од Шенген зоната, ЕУ и НАТО, пренесе Аџерпрес.

Чолаку е ја предводи листата на кандидати на Социјалдемократската партија за Претставничкиот дом на романскиот Парламент.

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по гласањето на парламентарните избори изјави дека гласал за европскиот пат на Романија.

-Романците го избраа евроатлантскиот пат и добро го избраа. Ние сме добро интегрирани во ЕУ, добро сме позиционирани и многу нè почитуваат во НАТО. Но, за да остане така, мора да гласаме на тој начин, рече Јоханис.

Романците денеска на својот Национален ден избираат пратеници на новиот парламентарен состав со четиригодишен мандат.

Изборите се одвиваат во атмосфера на политички превирања и во моментот кога Уставниот суд донесе одлука за пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан