Чистење на улиците низ Велес по синоќешната „Питијада 2022“
- Вработените од „Комунална хигиена“ на велешки ЈКП „Дервен“ денеска подигнаа и однесоа повеќе полни контејнери со секаков вид на комунален смет на Градската депонија по синоќешната „Велешка Пи
Велес,10 октомври 2022 (МИА) - Вработените од „Комунална хигиена“ на велешки ЈКП „Дервен“ денеска подигнаа и однесоа повеќе полни контејнери со секаков вид на комунален смет на Градската депонија по синоќешната „Велешка Питијада 2022“.
Вработените од „Комунална хигиена“ денеска напорно работеа да ги вратат велешките улици и тротоари во чиста состојба.
Воедно, тие јавно им се заблагодаруваат на совесните посетители, но и апелираат до несовесните догодина да се воздржат од фрлање смет на улица или тротоар.
Тие се надеваат дека следната година ќе биде доекипирана екипата на општинските комунални редари, а со законски измени, за несовесните посетители и граѓаните, кои фрлаат комунален смет на улици и тротоари, дирекно ќе можат да им изрекуваат и парични казни.ад/ир