Чистење на каналите кај крушевското село Бучин
- Kрушевското јавно комунално претпријатија „Комуна“ денеска е во голема акција на чистење на каналите во населеното место Бучин и во неговата околина. Во функција е ставена целата механизација

Крушево, 25 август 2022 (МИА) - Kрушевското јавно комунално претпријатија „Комуна“ денеска е во голема акција на чистење на каналите во населеното место Бучин и во неговата околина. Во функција е ставена целата механизација.
-Иако досега редовно се чистеа каналите, денешната акција е неопходна по големото невреме што пред неколку дена го зафати реонот, информираат од крушевската локална самоуправа.
Изминатите денови крушевското јавно-комунално претпријатие паралелно работеше и во градот и во населените емста. Во градот се отстрануваа неколку големи дефекти на водоводната мрежа, а во населените места се санираа штетите од невремето. ем/сст/