• недела, 22 декември 2024

Чешка ќе подари 2,39 милиони дози вакцини на 12 земји, меѓу нив и Северна Македонија

Чешка ќе подари 2,39 милиони дози вакцини на 12 земји, меѓу нив и Северна Македонија
Прага, 26 јули 2021 (МИА) - Чешката влада денеска донесе одлука да испрати како подарок 2,39 милиони вакцини против Ковид-19 на 12 земји, вклучувајќи ги и Северна Македонија, Босна и Херцеговина и некои земји во Африка и Азија, меѓу кои и Тајван.
Донацијата се заснова на договорот на лидерите на земјите-членки на Европската унија да испорачаат 100 милиони дози вакцини на трети земји.
- Земјите-членки можат да утврдат приоритетни земји во европскиот подарок, на кои сакаат да им испратат вакцини од нивната квота, изјави денеска чешкиот министер за здравство Адам Војтех, додавајќи дека 250.000 дози вакцини за Виетнам и 30.000 за Тајван не се од европскиот дел на светската иницијатива Ковакс.
Чешка исто така ќе се откаже од еден милион вакцини на американската компанија „Фајзер“ во корист на Словачка, но Словачка ќе плати за тие вакцини.
Чешката Влада смета дека ќе врати и десетици илјади вакцини што ги прими оваа пролет од Австрија, Унгарија и Словачка, додека 100.000 вакцини „Фајзер“ беа подарок од Србија на Чешка во мај.
„Сега имаме доволно вакцини“, рече министерот Војтех.
Чешка нарачала вкупно 23,9 милиони дози вакцини регистрирани во ЕУ, досега и биле доставени 9,6 милиони и според Министерството за здравство нема да може да ги искористи сите. паг/
 

Остани поврзан