• петок, 22 ноември 2024

Четири лица, кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево, се пренесени во Скопје

Четири лица, кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево, се пренесени во Скопје
Гостивар, 4 септември 2021 (МИА) - Четири лица кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта, се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје. Останатите лица се згрижени и им е укажана лекарска грижа. Во сообраќајната несреќе повредени се вкупно седум лица, а едно лице го загуби животот. -  Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи. Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески - Кичеец, кој затворска казна ја издржува во затворот во Струга. Директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка. Како што претходно јави МИА, едно лице го загубило животот, а уште седуммина се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути. Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет. Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад ” за укажување на лекарска помош. Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало. Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, а според првичните информации истиот ќе се нормализира околу 18:30. Претходно, собраќајот се одвиваше преку локалниот пат за село Церово. згм/см/бк/    

Остани поврзан