• сабота, 23 ноември 2024

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар

Нови Пазар, 5 март 2023 (МИА) - Четири деца загинаа денеска во пожар во станбена зграда во Нови Пазар. 

Дежурниот хирург на Општата болница во Нови Пазар, Шефќет Хајровиќ изјави дека родителите на децата кои загинаа во пожарот што се случил изутрината се хоспитализирани и дека животот на таткото е во опасност.

Тој за новинарите изјави дека поради сериозноста на повредите, таткото е префрлен на натамошно лекување во Клиничкиот центар на Србија, додека мајката е задржана на Одделот за општа хирургија во Нови Пазар.

„Таткото е примен на одделот за интензивна нега со изгореници кои покриле 50 проценти од неговата телесна површина, бил интубиран и пренесен во Белград. Мајката има изгореници на лицето и подлактиците, но е во добра општа состојба и ќе остане во Одделот за општа хирургија“, рече Хајровиќ. 

Тој рече дека три од децата биле донесени јагленисани, додека едно починало подоцна поради изгореници.

„Детето е донесено во болница во тешка општа состојба со изгореници по лицето и рацете, се направи обид за реанимација, но за жал почина“, посочи Хајровиќ.

Причините за пожарот не се познати. рп/

Остани поврзан