• сабота, 21 декември 2024

Четиричлено семејство почина од коронавирус во период од десет дена

Четиричлено семејство почина од коронавирус во период од десет дена
Батон Руж, 8 април 2020 (МИА) - Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус. Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ебтони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 и 30 март, пишува весникот „Њујорк дејли њуз“. Во Луизијана до вчера попладне се потврдени 16.284 заразени со коронавирус и 582 смртни случаја. гт/

Остани поврзан