• петок, 22 ноември 2024

Четиринаесет лица приведени во локал поради работење спротивно на прописи за време на епидемија

Четиринаесет лица приведени во локал поради работење спротивно на прописи за време на епидемија

Тетово, 10 јуни 2021 (МИА) - Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желини при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија.

-Во објектот биле затекнати 19 лица - гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино  и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.  Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово. ас/сст/

Остани поврзан