• недела, 22 декември 2024

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Дамаск, 10 декември 2024 (МИА) - Воена болница во Дамаск стана сцена на ужас по пронаоѓањето на 40 тела со видливи траги на мачење, јавија западни медиуми.

Според бунтовнички извори, телата биле пренесени во координација со Црвениот крст за обдукција и идентификација.

- Отворив врата и видов тела со траги на сурово мачење, изјави еден од бунтовничките борци, опишувајќи ја глетката како шокантна.

Телата ќе бидат идентификувани во соработка со семејствата на жртвите. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан