• петок, 05 декември 2025

Четврти ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

Четврти ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. На четвртиот ден беа разгледани главно амандмани поднесени од пратениците на Европскиот фронт, а се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи и реконструкции на локални и регионални патишта. 

Не беше прифатен ниту еден амандман на што реагираше пратеничката Арбана Пашоли.

- Како пратеници ние сме гласот на народот и тука сме за потребите на граѓаните. Не може да поминуваат само амандманите на мнозинството, а да нема простор за амандманите на опизицијата. Досегашните амандмани се од есенцијална потреба за граѓаните, не се луксуз, рече Пашоли. 

Расправата продолжува по паузата дадена до 16:10 часот.

Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, треба да се најде на пленарна седница на 9 декември. бак/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан