• понеделник, 23 декември 2024

Честитки од САД за новиот премиер на Пакистан, Шариф

Честитки од САД за новиот премиер на Пакистан, Шариф
Вашингтон, 14 април 2022 (МИА) – САД синоќа му честитаа на новиот пакистански премиер Шахбаз Шариф и ветија продолжување на соработката. САД сметаат дека силен, просперитетен и демократски Пакистан е важен за интересите на нашите две земји, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Шариф (70), претседател на Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ-Н) и помлад брат на поранешниот премиер Наваз Шариф, на 11 април беше избран за премиер на парламентарната седница што беше бојкотирана од опозицијата. Тој доаѓа на местото на Имран Кан (69), на кого му беше изгласана недоверба. Кан повеќе пати истакна дека е жртва на „промена на режимот“ организирана од САД со помош на опозицијата, поради неговите критики на американската политика во Ирак и во Авганистан. ми/

Остани поврзан