• среда, 25 декември 2024

Честитка од Филипче до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од Филипче до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник Христовото раѓање - Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов.

-На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија, вели Филипче во честитката.

Нека Божиќ, додава тој, биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи.

-Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди, пишува во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. сст/ цр

фото: СДСМ


 

 



 


 

 


 

Остани поврзан