Честитка од министерот Спасовски по повод „30 години Армија“
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе јубилејот „30 години Армија“ и 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека храброста, посветено

Скопје, 18 август 2022 (МИА) -Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе јубилејот „30 години Армија“ и 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека храброста, посветеноста и професионализмот се одликите што македонската Армија ги акумулира во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината.
-Првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“ од 1943 година служеше како патоказ за зачеток и развој на нашата Армија, за сигурен пат до целта – членството во НАТО, како дел од системот за колективна одбрана и конечно, како фактор за мир и стабилност во регионот, пишува Спасовски на својот Фејсбук-профил.

Министерот во честитката додаде дека Армијата, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби. Упати посебно признание за севкупниот придонес за безбедноста на сегашните и идни генерации.
- Нека е честит јубилејот 30 години Армија и за многу години Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август!, порача министерот Спасовски. ки/лв/