• петок, 05 декември 2025

Честитка од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Честитка од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Дебар, 5 мај 2025 (МИА) - По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Македонско друштво „Илинден“ - Тирана упати честитка до сите Македонци каде и да се, со порака „Да го негуваат и чуваат како светост“.

-Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални културни и верски традиции. Образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ, стои во честитката. 

Се додава дека Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. 

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации, но, за жал во 21 век само во Преспа имаат право на образование на мајчин македонски јазик.

-Македонското друштво „Илинден“ - Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до 1950 годинa, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. вт/мд/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан