• петок, 05 декември 2025

Честитка од Гаши по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите

Честитка од Гаши по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска упати Честитка по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите.

-Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, упатувам искрени честитки до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Овој ден претставува симбол на вековната културна традиција, јазикот и идентитетот на влашкиот народ, кои се нераскинлив дел од мултикултурното ткиво на нашата држава. Власите со своето учество во општествениот, културниот и економскиот живот значајно придонесуваат за развојот и збогатувањето на Република Северна Македонија, пишува Гаши во честитката.

Собранието, како дом на демократијата, додава, ќе продолжи да ја негува и унапредува еднаквоста, почитта и вклученоста на сите заедници во нашето општество.

-Верувам дека заеднички, во духот на соживот и меѓусебно почитување, ќе продолжиме да градиме праведна и инклузивна држава за сите наши граѓани. На сите припадници на влашката заедница им посакувам празник исполнет со гордост, достоинство и надеж за заедничка иднина, вели претседателот на Собранието Гаши во честитката по повод Националниот ден на Власите. сст/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан