• петок, 05 декември 2025

Честитка од „Алтернатива“ по повод Илинден

Честитка од „Алтернатива“ по повод Илинден

Скопје, 2 август 2025 (МИА) - При сеќавање на Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ (1944), кога беа поставени темелите на денешната држава Северна Македонија, денес е моментот и да рефлектираме на сите напори и жртви од многу генерации, од припадници на различни политички убедувања и различни етнички и верски припадности, за независна, рамноправна и развиена држава, која денес се стреми кон најнапредните европски земји, се вели во честитката на Алтернатива што МИА ја објавува интегрално.

Изразувајќи благодарност за тие генерации, денес го честитаме 2-ри август на Илинден и АСНОМ и посакуваме Северна Македонија да продолжи да
чекори по патеките на овие основачи на државата во која сите ние живееме заедно.

Алтернатива

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан