• понеделник, 23 декември 2024

Челзи продаден за 4,25 милијарди фунти

Челзи продаден за 4,25 милијарди фунти
Лондон, 7 мај 2022 година (МИА) - Фудбалскиот клуб Челзи денеска потврди дека се договорени условите за продажба на клубот на конзорциум предводен од сопственикот на безбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боuли за 4,25 милијарди фунти (5,2 милијарди долари). со што заврши 19-годишната сопственост на Роман Абрамович. - Челзи може да потврди дека се договорени условите за новата сопственичка група, предводена од Тод Боuли, „Клирлејк Капитал“, Марк Валтер и Хансјерг Вис, да го преземе клубот, се вели во соопштението на Челзи. Рускиот олигарх Роман Абрамович реши да го продаде Челзи во март, а потоа се најде под санкции од британската влада, по почетокот на војната во Украина. Во соопштението на клубот се наведува дека новите сопственици на клубот ќе платат 2,5 милијарди фунти за акциите на клубот, а тие пари ќе одат на замрзната банкарска сметка за да бидат донирани во добротворни цели, како што претходно потврди Абрамович. Конзорциумот, предводен од Боuли, исто така ќе обезбеди 1,75 милијарди фунти за инвестирање во англиската Премиер лига, вклучително и инвестиции во „Стемфорд Бриџ, академијата“ и женскиот тим на Челзи. Продажбата се очекува да биде завршена до крајот на мај. За преземањето ќе биде потребно одобрение од Фудбалскиот сојуз на Англија и од Владата на Велика Британија. зс/

Остани поврзан