• петок, 22 ноември 2024

Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина

Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина

Брисел, 6 април 2022 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека и покрај тешката ситуација очекува нови преговори меѓу Русија и Украина во наредниот период, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој потсети дека пред неколку денови рускиот и украинскиот министер за надворешни работи се сретнаа во Анталија и дека постигнаа значаен напредок во преговорите, меѓутоа по снимките кои излегоа од Буча оваа недела ситуацијата е потешка.

- Имаме уште надеж и сме внимателни оптимисти, но истовремено сме реалисти, ова е тешко прашање, но мораме да продолжиме со напорите и Турција прави сѐ што може, рече шефот на турската дипломатијата.

Турција е единствена земја на НАТО која не воведе санкции против Русија и која има доволно кредибилитет да делува како медијатор меѓу двете страни.

- Очекуваме нови средби меѓу двата преговарачки тима и потоа можеби и помеѓу министрите за надворешни работи за да се иницира можен договор, двете страни исто ставија на знаење дека можеби и двајцата претседатели би можеле да се сретнат, изјави Чавушоглу попладнево пред почетокот на вонредниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО посветен на Украина. тм/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан