Чавушоглу: Анкара и Каиро се договорија за подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво
- Анкара и Каиро се договорија да ги подобрат билатералните односи и да ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Анкара, 13 април 2023 (МИА) - Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри. рп/