• понеделник, 23 декември 2024

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Со судска пресуда, од фирма од Скопје која избегнала да плати увозни давачи при увоз на гас, Царина ќе наплати вкупно пет милиони денари, два милиони во пари и три милиони од одземени влекач и цистерна. 

- Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од Скопје се обидела да избегне плаќање на увозни давачки за 12.536 метри кубни гас аргон со вкупна вредност од 1.555.108 денари. Со пресуда на суд фирмата треба да ја плати вредноста на стоката предмет на царинскиот прекршок, избегнатите увозни давачки од 371.670 денари, и глоба за прекршокот во висина од 150.675 денари, соопшти денеска Царинската управа.

Имено, превозникот од Молдавија при влез во државата наместо да ја царини стоката, ја истоварил директно во фирмата увозник и се обидел да излезе од државата преку „Табановце“ без документ за оцаринета стока.

- На граничниот премин „Табановце“, царинските службеници по извршениот увид на документацијата, утврдиле дека не се наплатени соодветните увозни царински давачки односно дека не е завршена увозна постапка, по што случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, информираат од Царинската управа.

Инспекторите пристапиле кон целосно расчистување на случајот по што сите докази се предадени на Основниот суд Куманово, од каде е изречена пресуда за одземање на влекачот и цистерната во вредност од 3.161.084 денари, и фирмата увозник да ја плати вредноста на гасот, избегнатите царински давачки и глобата. ир/бак/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан