• петок, 05 декември 2025

ЦУК: Шест активни пожари, два под контрола и 16 изгаснати

ЦУК: Шест активни пожари, два под контрола и 16 изгаснати

Скопје, 10 септември 2025 (МИА) - До 20:00 часот вечерва на територијата на нашата земја има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои шест пожари се активни, два се под контрола, а изгаснати се 16 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Липково во село Никуштак, во Општина Гази Баба во селото Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума), во Депонија Дрисла (ѓубре), во Општина Струга во селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума) и во населба Елен Камен (ниска вегетација), во Општина Куманово во село Љубодраг (ниска вегетација) во Општина Крушево во селото Норово (ниска вегетација и дел дабова шума). 

Под контрола е пожарот во Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади) и Градската депонија во Крушево.

Изгаснати се пожарите во:

 1. Општина Прилеп 1: ул. Васко Карангелески (ниска вегетација)
 2. Општина Прилеп 2: Во близина на продавница Стибера (ниска вегетација)
 3. Општина Прилеп 3: с. Ерековци (ниска вегетација и стрниште)
 4. Општина Прилеп 4: кај Нови Гробишта (ниска вегетација)
 5. Општина Прилеп 5: с. Ореовец (ниска вегетација и ѓубре)
 6. Општина Куманово: Искрив мост (ниска вегетација)
 7. Општина Гостивар: с. Дебреште (ниска вегетација)
 8. Општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова, букова шума и папрат)
 9. Општина Чешиново-Облешево: помеѓу с. Облешево и с. Теранци (стрниште)
 10. Општина Струмица: с. Куклиш (депонија)
 11. Општина Охрид: с. Црвена Вода (ниска вегетација)
 12. Општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација)
 13. Општина Кичево: помеѓу с. Бучинци и с. Мамудовци (отпад и стари гуми)
 14. Општина Илинден: населба Јака (ниска вегетација)
 15. Општина Бутел: ул. Бутелска (ниска вегетација)
 16. Општина Гази Баба: Вардариште (депонија) ев/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан