ЦУК: Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче
- Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Скопје, 31 август 2025 (МИА) - Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот, се наведува во соопштението. бк/вј/
фото: МИА архива