• сабота, 12 јули 2025

ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат

ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, информираат од Центарот за управување со кризи. 

Регионалниот ЦУК Македонски Брод претходно извести дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“, при што опожарен е магацин/хала со хемикалии. 

Територијалната противпожарна единица Македонски Брод интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан