• петок, 05 декември 2025

ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати

ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Заклучно со 8 часот денеска на територијата на државава има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што инфрормира Центарот за управување со кризи (ЦУК) ,под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре.

Изгаснати се пожарите во 
Општина Струга кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), како и во населбата Елен Камен (ниска вегетација), во
Општина Липково село Никуштак и Општина Гази Баба село Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума)
,Општина Старо Нагоричане село Челопек (плевна и ниска вегетација),
Општина Крушево село Норово (ниска вегетација и дел дабова шума),
Општина Крушево Градска депонија (ѓубриште),
Општина Делчево Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади),
Општина Босилово село Иловица (депонија),
Општина Ново Село село Мокриево (ниска вегетација),
Општина Ново Село село Старо Коњско (депонија),
Општина Зелениково село Страхојадица (ниска вегетација и ѓубре),
Општина Штип во близина на Градски пазар (ниска вегетација) и  во
Општина Шуто Оризари на улицата „Хаџи Јован Шишко“ (ѓубре).вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан